Достапни линкови

Сирија-безбедносните сили убиле 28 демонстранти


Протести во сирискиот град Хама

Протести во сирискиот град Хама

Сириските безбедносни сили убиле најмалку 28 луѓе и повредили стотици други во обидите да ги задушат анти-владините протести кои вчера се одржаа во повеќе градови, соопштуваат активистите за човекови права. Според нив 22-ца од загинатите починале во главниот град и неговите предградија, што е највисока бројка загинати демонстранти за еден ден во Дамаск досега. Демонстрантите и вчера повикуваа претседателот Башар Асад да си оди од власт. Протестите против режимот на Асад траат 4 месеци.
XS
SM
MD
LG