Достапни линкови

logo-print

УНИЦЕФ-тежок период за земјите во Африка погодени од суша


Може да се влоши состојбата на милиони луѓе кои живеат во африканските земји погодени од сушата, изјави директорот на УНИЦЕФ Ентони Лејк. Тој вели дека следните 6 месеци ќе бидат многу тешки за луѓето кои живеат во Кенија, Етиопија Џибути. Директорот на УНИЦЕФ изјави дека во некои делови од тие земји 2 години немало врнежи и тоа ги уништило надежите за живот. Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат сушните региони и да бараат спас во Сомалија. УНИЦЕФ минатата недела соопшти дека се потребни 31.8 милиони долари за наредните три месеци за да им се помогне на милиони погодени жени и деца.
XS
SM
MD
LG