Достапни линкови

Средби на Клинтон со Давутоглу и Ердоган


Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска во Истанбул ќе се сретне со турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, како и со премиерот Реџеп Таип Ердоган. Главни теми на разговорите ќе бидат мировните напори на Блискиот исток, заострените турско- израелски односи, Иран, ситуацијата во Сирија.
По престојот во Турција, каде што вчера учествуваше на состанокот на Контакт групата за Либија, Клинтон ќе ги посети и Грција, Индија, Индонезија и Кина.
XS
SM
MD
LG