Достапни линкови

logo-print

Продолжува гаснењето на шумскиот пожар на Брач


Пожарникарските екипи и натаму го гаснат пожарот на хрватскиот остров Брач, кој според последните проценки, зафатил околу 4 илјади хектари густа борова шума, трева и грмушки, соопшти изутрината хрватската Државна управа за заштита и спасување. Како што се наведува во соопштението, моментално се заштитени сите населени места.
Во текот на изминатата ноќ во гаснењето учествувале повеќе од 250 пожарникари со помош на 60 возила, а денеска ќе пристигнат уште 50 пожарникари и 19 возила. Од воздух во операцијата учествуваат и два авиона и два хеликоптера.
Пожарот на Брач избувна во четвртокот попладне, а се проценува дека е еден од најголемите во последните неколку години во Хрватска.
XS
SM
MD
LG