Достапни линкови

Кина бара откажување на средбата на Обама со Далај Лама


Далај Лама

Далај Лама

Кина ги повика САД да ја откажат средбата меѓу американскиот претседател Барак Обама и тибетскиот духовен водач Далај Лама, закажана за денеска. Портпаролот на министерството за надворешни работи Хонг Леи изјави дека овој состанок претставува мешање во внатрешните работи на Кина.
Белата куќа претходно соопшти дека најавената средба ја нагласува силната поддршка на претседателот за заштита на тибетскиот уникатен религиозен, културен и јазичен идентитет и заштита на човековите права на Тибетанците. Претседателот ќе ја истакне и поддршката за дијалог меѓу претставниците на Далај Лама и кинеската влада за решавање на разликите.
XS
SM
MD
LG