Достапни линкови

Гадафи го отфрла признавањето на бунтовниците од Контакт групата


Либискиот лидер Моамер Гадафи изјави дека признавањето на опозицискиот Преоден национален совет од страна на некои светски и регионални сили нема никакво значење за либискиот народ.Во пораката до своите приврзаници, читана преку разглас, Гадафи со ироничен тон рече дека не може да замисли еден ден херојскиот либиски народ да биде претставуван од група предавници кои им ја отвориле вратата на Бенгази на крстоносните трупи. Никој не може да го претставува либискиот народ, па ниту Гадафи, додаде тој. Затоа народот ќе ги поништи вашите одлуки, порача Гадафи.
Вчера Контакт групата на состанок во Истанбул соопшти дека го признава Преодниот совет во Либија како легитимен владејачки авторитет во земјата.
XS
SM
MD
LG