Достапни линкови

Расправата за Законот за знамињата продолжува в понеделник


Собранието на РМ синоќа ја исцрпе расправата по Предлог-законот за изменување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратеници на ДУИ.
Поради немање кворум, претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски ја прекина петтата седница и продолжението го закажа за в понеделник.
Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците во РМ предвидуваат локалните самоуправи во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно со државното на објектите од јавен и локален карактер. Локалната самоуправа треба да одлучува кога ќе се употребува знамето на заедницата. Се предвидува, исто така, државното знаме да биде една третина поголемо од другите знамиња. Знаме на заедницата ќе се истакнува при официјална посета на висок претставник на меѓународната заедница и во денови на одржување манифестации од локален и меѓународен карактер.
Опозициската СДСМ смета дека и за овој предлог, како и претходно за предлог-законот за употреба на јазиците, се прави пазар со националните интереси на Република Македонија и дека се ревидира Рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG