Достапни линкови

logo-print

(Не)Претприемачки дух


Македонците не сакаат голем ризик и стравуваат од неуспех, па тешко се одлучуваат за сопствен бизнис.

Македонците не сакаат голем ризик и стравуваат од неуспех, па тешко се одлучуваат за сопствен бизнис.

Недоволната поддршка за новите фирми, ограничените извори за финансирање, но и недостигот на претприемачки дух, главни пречки за почнување бизнис.

Сам свој газда. Само си го одредувате работното време, висината на приходот и деновите за одмор. Вработувате кого сакате, а ако не Ви одговараат, ги отпуштате. Сето тоа само со регистрирање на Ваш сопствен бизнис, процедура која за разлика од порано, сега е брза и едноставна. Но, пред да ги испружите нозете врз работната маса, размислете: како ќе обезбедите пари за фирмата и од што ќе ги платите вработените. Дали имате доволно за давачките кон државата. И најважно од се, дали сте подготвени плановите да ви паднат во вода доколку Вашиот бизнис план е промашен?

Можен ли е „Apple“ во Македонија?

Неколку светски компании можат да се „пофалат” со скромни почетоци, кои неретко ги фасцинираат ентузијастите. На пример, компанијата Apple, позната во светот по своите мобилни телефони, уреди за репродукција на музика и компјутери, го обезбедиле својот почетен капитал со продажба на калкулатор и комбе марка фолксваген. Дали и во Македонија може да се роди успешна компанија која и покрај скромните почетоци може, ако ништо друго, да оствари попристоен профит за македонски услови? Дали скромната почетна инвестиција и добрата идеа се доволни за претприемачот да преживее во македонските услови и каква е подршката која им се нуди на потенцијалните бизнисмени во земјава? Ова се само
Тоа се „розови“ приказни. Постојат во одредни бизниси се сложувам, значи посебно во ИТ бизнисот можно е да искреираш некаков програм којшто можеш да го продадеш, значи најдобро кога тоа би го продал во странство и да заработиш добри пари, но реално кај нас постои погрешна перцепција, кога ги читаме тие „розеви“ приказни, кога ги слушаме некако го изоставуваме делот каде што се зборува дека
поминално извесен период додека реално почна да ниже
успеси.

дел од прашањата за нашите соговорници во Саботната анализа на Радио Слободна Европа со фокус на новоформираните или популарно наречени „стартап бизниси“.

Македонците непретприемачка нација?

Слабата инфраструктура за подршка на новите фирми, недостигот на олеснувања од државата, ограничените извори на финансирање но и недостигот на претприемачки дух, се само дел од проблемите со кои се соочуваат потенцијалните македонски бизнисмени. На оваа тема разговараме со Синиша Пекевски, тренер за претприемништво кој се обидува да развие сопствена маркетинг компанија:

„Прво многу е тешко, значи луѓето треба да бидат подготвени дека е навистина многу тешко. Она што го очекуваат дека е тешко, треба да го помножат со 100 за да ја добијат вистинската ситуација, бидејќи излегуваш на пазар и нема кој да те „турка“ на први да добиваш плата, да бидеш осигуран дека работел-неработел на први ќе добиваш плата. Значи кога си претприемач едноставно колку ќе сработиш, толку ќе заработиш и тоа не се знае секогаш, затоа што многу често се случува нешто да изработиш, а плаќањето да се реализира после некое одредено време.

РСЕ: Слушаме некои „розови“ приказни од странство дека почнал од барака, од шупа, продал автомобил отворил фирма, станал успешен. Има ли услови за такво нешто во Македонија, да почнеш од ништо со добра идеја, замисла и стратегија да се создаде нешто без голема, огромна капитална инвестиција?

„Тоа се „розови“ приказни. Постојат во одредни бизниси се сложувам, значи посебно во ИТ бизнисот можно е да искреираш некаков програм којшто можеш да го продадеш, значи најдобро кога тоа би го продал во странство и да заработиш добри пари, но реално кај нас постои погрешна перцепција, кога ги читаме тие „розови“ приказни, кога ги слушаме некако го изоставуваме делот каде што се зборува дека поминално извесен период додека реално почна да ниже успеси. Ние го слушаме само она од шупа станал успешен, а периодот измеѓу не го слушаме, го забораваме.“

Дел од подршката која им се нуди на младите македонски компании ја обезбедуваат бизнис инкубатори, организации кои им обезбедуваат пристап до обуки, финансии и други видиви подршка на претприемачите почетници. Сепак за обичен набљудувач излгеда дека попопуларни во јавноста се странските инвестиции, што го покрева прашањето, зошто им се дава важност на компании од надвор, наместо да се охрабрува формирање на домашни фирми? Дел проблемот лежи во слабиот
Постои ментален склоп на луѓето во постранзициските земји дека секогаш кога завршуваме факултет бараме сигурна работа, а за сигурна работа се смета јавна администрација...

претприемачки дух во Македонија, сметаат упатените. Марија Арменски, менаџер во бизнис инкубаторот на фондацијата „ПСМ Јес“, вели дека менталитетот е дел од проблемот.

„Постои ментален склоп на луѓето во постранзициските земји дека секогаш кога завршуваме факултет бараме сигурна работа, а за сигурна работа се смета јавна администрација, се сметаат финансиски институции, банки, осигурителни компании и самите родители на некој начин тоа го врежуваат во главите на децата и обично младите генерации излегуваат од факултет со надеж дека ќе најдат сигурно вработување. Значи сепак постои таква перцепција кај нас.“

Марија Арменски
Стравот од неуспех е дополнителен проблем кој го попречува самовработувањето на младите, додава Арменски:

„Ние по природа не сме толку претприемачка нација, значи кај нас постои страв од неуспех, а луѓето кога нема да успеаат тешко почнуваат повторно од нула. Единствена земја во светот се САД каде што неуспехот незначи неуспех за секогаш туку таму се обидуваат и до три и до пет пати, а понекогаш и до десет пати.“

Податок кој би можел да служи како контрааргумент дека нема развој на претприемништвото во Македонија е информацијата за зголемениот број на новоотворени фирми. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупно 75.497 активни деловни субјекти се евидентирани во Македонија во 2010 година, што е повеќе во однос на претходната година, кога статистика изброи 70.710 фирми. Најголем дел од компаниите работат во дејноста трговија на големо и мало - 28.326 и нивниот број се зголемува, покажуваат податоците од Заводот. Сепак мора да се има предвид и колку од овие фирми реално работат а колку само фигурираат како записи во Централниот регистар и Управата за јавни приходи. Работењето на фирмите е деловна тајна, но проценките во медиумите дека во просек се затвораат по 2.000 банкарски сметки секој месец фрла сенка на тврдењата за успех на претприемништвото во Македонија. Во медиумските извештаи се наведуваат проценки дека поради неподмирени обврски до мај биле блокирани 97.900 сметки на физички и правни лица, што е зголемување за 2.200 во однос на претходниот месец годинава. Тоа не го надминува бројот на новоотворени сметки. Во мај бројот на новоотворени сметки во банките бил за 100 илјади помал отколку во мај 2010 година.

Недостаток на храброст и страв од неуспех

Податоците за блокирани сметки, поплаките од фирмите за високи казни како слабата инфраструктура за подршка на мадите бизниси може да ги обесхрабрат потенцијалните претприемачи. Од друга страна, соодветната подршка може да обезбеди релативно висок степен на успех, за што сведочат и проценките на Битолскиот Бизнис Старт-ап центар. Претставникот на организацијата Јован Сталевски појаснува:

„Тоа е некој процент од 11 до 12% од вкупниот број на бизниси кои што поднеле бизнис план или биле отворени, само 11 или 12% од нив не се одржале на пазарот, а другите си опстојуваат и се развиваат и понатаму.“

Немањето храброст главна пречка за сопствен бизнис

Повикувајќи се на искуствата од обуките, кои се само дел од активностите на битолската организација, покрај обезбедување на пристап до кредити и помош при основање на бизнис, Сталевски вели дека повеќемината учесници се детерминирани да бидат газди:


„На обуките за претприемништво коишто ги правиме секогаш се поставува токму тоа прашање, дали некој би работел за плата од утре за 500 евра или пак би сакал да работи свој бизнис и да биде сам свој газда. Изненадувачки е фактот што само двајца или тројца за време на тие обуки се изјаснуваат дека би сакале да работат за некој друг, а останатиот дел би сакале да бидат свои газди.“
На обуките за претприемништво коишто ги правиме секогаш се поставува токму тоа прашање, дали некој би работел за плата од утре за 500 евра или пак би сакал да работи свој бизнис и да биде сам свој газда. Изненадувачки е фактот што само двајца или тројца за време на тие обуки се изјаснуваат дека би сакале да работат за некој друг.

Дел од бизнис инкубаторите во Македонија соработуваат со странски мисии за обезбедување на финансии. За пример, Бизнис Старт ап Центарот подготвува проект со УСАИД во полето на економскиот развој. Каков е интересот на власта за ваквите организации, било материјална или логистичка? На прашањето одговара Марија Арменски од „ПСМ Јес фондацијата“:

„Во секоја стратегија постојат бизнис инкубаторите, е сега колку реално се подржуваат, станува збор за навистина лимитиран пристап што е недоволно, меѓутоа се надеваме дека владата ќе има слух и дека понатаму ќе учествува малку поактивно во таа поддршка.“

Во теорија, инкубаторите не се единствената форма за подршка на почетниците во бизнисот. Во соседството веќе се развива концептот на бизнис ангели. Основите на овој механизам ги објаснува Александар Чабрило од српската мрежа на бизнис ангели

„Доста луѓе не се ни свесни дека постојат такви облици на капитал каде инвеститорот по инвестицијата влегува во сопственичката структура на компанијата. Значи тој станува сопственик и со активно учество придонесува кон самиот развој на фирмата, не е во прашање пасивен инвеститор како банка. Како стартап не ни можете да добиете банкарски кредит.“

Потребна поголема едукација за успешни претприемачи

Сепак, овој начин на развој на нова фирма, барем во Македонија е се уште теоретски. Проблемот, според Чабрило, е во недостигот на интерес и едукација:


„Треба да ги едуцирате вашите успешни претприемачи и луѓето коишто имаат капитал, дека е многу ефективно и поатрактивно да се инвестира во компании во рана фаза на развој отколку во недвижности, од друга страна треба да се едуцираат и претприемачите дека во нивен интерес е да се откажат од дел од својот сопственички удел за експанзија на компанијата.“

Постојат и примери за успешни бизниси кои се развиле во веќе постоечката инфраструктура за подршка на новородените фирми. Еден од нив е и првата интернет продавница во Македонија „Екс.мк“. На таа тема разговараме со менаџерот на компанијата Биљана Радоњанин.

РСЕ: Како дојдовте на идеја?

„Значи, ние кога започнавме со работа многу од овие предуслови за занивамање со интернет продажба во Македонија, беа многу послабо развиени отколку од она што е сега. Во периодот кога ние започнавме, а тоа беше во 2009 година ние бевме првата он лајн продавница во
Треба да ги едуцирате вашите успешни претприемачи и луѓето коишто имаат капитал, дека е многу ефективно и поатрактивно да се инвестира во компании во рана фаза на развој отколку во недвижности, од друга страна треба да се едуцираат и претприемачите дека во нивен интерес е да се откажат од дел од својот сопственички удел за експанзија на компанијата.
Македонија која што се занимава со ваков тип на продажба и секако дека нашето искуство беше засновано врз наши лични примери преку работењето и за жал немавме можност да земеме некои искуство и да направиме споредба во смисла да направиме некои промени, односно да не згрешиме или да се подобриме, бидејќи кај нас не постоеше интернет продавница од ваков тип која што била успешна или неуспешна.“

РСЕ: Колку има конкурениција во Македонија, претприемачи кои може вам да ви конкурираат?

„Па ние имавме конкуренција и сакаме да имаме што е можно повеќе конкуренција од повеќе причини. Значи она што ние ги упатуваме останатите фирми во врска со тоа зошто да отворат фирма од ваков тип на бизнис е поради тоа што најнапред толку многу продавници постојат во обичните центри и колку има простор за конкуренција таму, тогаш просторот во виртуелниот свет е далку понеограничен и послободен за ваков тип на конуренција. Значи има простор за сите и колку повеќе продавници има, толку повеќе ќе можат самите фирми да се позиционираат и да нудат подобри производи, пониски цени, поквалитетни производи итн.“

Европската унија често се перцепира како заедница во која ќе се обезбедат решенија на грото од економските промени во земјава. Повеќето старт-ап бизниси се развиваат од микро, како мали или средни претпријатија, формати на фирми кои сочинуваат повеќе од три четвртини од нашата и економиите во соседството. Па од тука и прашањето - дали Европа ќе ни ги отвори вратите доколку во Македонија не се создадени услови за развој на старт ап бизнисите и на останатиот дел од економијата? Влезот на отворениот европски пазар е условен од усогласувањето на законодавството, објаснува политикологот Соња Стојадиновиќ:

„Усогласувањето на македонското со европското законодавство, како и постигнувањето на европските стандарди овозможува пристап до отворениот европски пазар, развој на конкурентноста и квалитетот на понудата, а со тоа развој на иновативноста и размена на идеи. Во поглед на евроатлантските процеси и приближувањето на Македонија кон ЕУ, развојот на мали и средни претпријатија е важен од два аспекти, директно преку намалувањето на невработеноста и индиректно преку пораст на средствата во буџетот.“

Што им останува на потенцијалните бизнисмени, кои инспирирани од успешните приказни на странски мега/фирми, сонуваат за успех во светот на бизнисот? Од до сега презентираното, евидентно е дека најпотребни се идеата, планот и соодветната поддршка која горе - долу ја има во Македонија. Важен елемент, судејќи по изјавите на соговорниците, е храброста за ризик и справување со можен неуспех.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG