Достапни линкови

logo-print

Контакт-групата ги призна либиските бунтовници како легитимна влада


Претседавачот со либискиот Национален транзиционен совет, Махмуд Џабрил и американската државна секретарка, Хилари Клинтон на средба во Истанбул.

Претседавачот со либискиот Национален транзиционен совет, Махмуд Џабрил и американската државна секретарка, Хилари Клинтон на средба во Истанбул.

САД и другите земји на Контакт-групата ги признаа либиските бунтовници како легитимна влада, чекор на кој се гледа како на голем удар врз режимот на Моамер ел Гадафи.
Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, ова го изјави на четвртиот состанок на Контакт-групата за Либија во Истанбул.
Контакт-групата, пак, ја формализира одлуката како признавање на 30 држави на Националниот транзиционен совет во финална изјава од состанокот во Истанбул.
Ова значи и финансиска подршка за Советот.
Само Вашингтон ќе може да ослободи 30 милијарди долари за опозицијата, кои се замрзнати пари на режимот на Гадафи во американските банки.
XS
SM
MD
LG