Достапни линкови

logo-print

Работодавачите да направат проценка на ризик од високи температури


Работодавачите веднаш, доколку тоа досега не го сториле, да направат проценка на ризик за секое работно место одделно во услови на високи температури и да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречат несаканите негативни последици врз здравјето на професионално изложените работници. Тоа е нивна законска обврска, апелира Институтот за јавно здравје.
Посебно внимание мора да се посвети на т.н. ранливи групи работници – бремени жени, хронично болни, млади и оние што работат во неклиматизирани простории.
Обврска на работодавачите е да ги преземат и сите мерки за превенција утврдени со изјавата за безбедност што ја изготвуваат овластени стручни лица за безбедност на работа и специјалисти по медицина на труд.
XS
SM
MD
LG