Достапни линкови

Опозицијата бара српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора


Трите најголеми опозициски партии во Црна Гора до Собранието во Подгорица поднесоа иницијатива за измени на Уставот на земјата, со кои се бара српскиот јазик да биде прогласен за службен јазик.
Според последниот попис на населението во Црна Гора, 43,88 отсто од жителите се изјасниле дека говорат српски јазик, а 36,97 проценти како свој говорен јазик го определиле црногорскиот.
Според Уставот на Црна Гора, службен јазик во земјата е црногорскиот, при што кириличното и латинското писмо се рамноправни при употребата. Покрај црногорскиот, во службена употреба во Црна Гора се и српскиот, босанскиот, албанскиот и хрватскиот јазик.
XS
SM
MD
LG