Достапни линкови

Просечно во Македонија за поткуп се плаќа 470 евра


Во Македонија, 10,8 отсто од граѓаните имале некакво искуство со корупција, а со конкретно подмитување се соочиле 6,2 отсто, покажува истражувањето на Државниот завод за статистика. Ова е најнискиот процент во однос на останатите земји во регионот.
Според анкетата чии резултати беа презентирани денеска на конференција, исплатеното мито во земјава просечно изнесува 28.813 денари или околу 470 евра. Најчесто се подмитува во пари, многу помалку се возвраќа со услуга. Најчесто се нуди поткуп на докторите, полицијата и професорите. Подложни на мито се и катастарските услуги.
XS
SM
MD
LG