Достапни линкови

Познат составот на новата влада


Груевски молчеше до последен момент, откако го доби мандатот за состав на влада.

Груевски молчеше до последен момент, откако го доби мандатот за состав на влада.

Листата со новиот состав на кабинетот предадена во Парламентот. Како изгледа старо-новиот тим на Груевски.

Мандатарот Никола Груевски синоќа до Собранието на Република Македонија ја достави владината програма и имињата на новите министри во новиот владин кабинет.

Вицепремиерските места од ВМРО-ДПМНЕ ги задржуваат Зоран Ставрески и Владимир Пешевски. Гордана Јанкулоска останува на чело на МВР, додека Министерството за култура и натаму ќе го води Елизабета Канческа-Милевска.

Никола Попоски, досегашниот амбасадор во ЕУ, ќе ја раководи македонската дипломатија, Никола Тодоров ќе биде прв човек на Министерството за здравство, а нов министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е Панче Кралев.

Министер за администрација и информатичко општество останува Иво Ивановски, како и Миле Јанакиески, кој ќе го води Министерството за транспорт и врски.

Министерството за земјоделство и во овој состав и припадна на Социјалистичката партија и ќе продолжи да го води Љупчо Димовски. Министер за труд и социјална политика ќе биде Спиро Ристески, кој досега беше заменик-министер во овој ресор.

Од ДУИ имињата што беа соопштени деновиве
ДУИ - Али Ахмети


Од редовите на коалицискиот партнер ДУИ има двајца вицепремиери - за европски интеграции е Теута Арифи, а за спроведување на Рамковниот договор - Муса Џафери. Валон Сарачини ќе го води ресорот економија, а досегашниот министер Фатмир Бесими преминува на чело на Министерството за одбрана.
Екологија ќе ја води Абдулаќим Адеми, локалната самоуправа Невзат Бејта, а министер за правда ќе биде Блерим Беџети.

Министри без ресор остануваат Неждет Мустафа, Хади Незир и Веле Самак.

Од синоќа почна да тече 15-дневниот период предвиден со закон за гласање во Парламентот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG