Достапни линкови

Македонските граѓани трошат најмногу за храна, облека и комуналии, а малку од платите им останува за образование, здравство како и за задоволства како одмори.

Според податоците на Заводот за статистика од нашата потрошувачка кошничка дури 40,2% се трошат за храна, потоа најголем дел за покуќнина и мебел 6, 9%, и за комуналии се трoшат дури 12 %. Кога ќе се собере тоа излегува дека дури 60 проценти се трошат само луѓето да се облечат, да си платат храна и безалкохолни пијалоци и да си ги платат сметките дома.

„Замислете од друга страна за здравје се троши два про
За здравје се троши два проценти, за рекреација и култура 3,2 проценти. Во поразвиените земји, како Словенија на пример, трошат многу поголеми суми за хотели, ресторани, комуникација, култура, здравје. Значи посветуваат на квалитетот на
живот.

центи, за рекреација и култура 3,2 проценти. Во поразвиените земји, како Словенија на пример, трошат многу поголеми суми за хотели, ресторани, комуникација, култура, здравје. Значи посветуваат на квалитетот на живот. Се уште ние сме на почетокот на скалата на стандардот на живеење“, вели професор Борче Треновски, асистент на Економскиот факултет во Скопје.

Од друга страна, истражувањето на американскиот институт Мерчер покажа дека главниот град Скопје е на 200-то место на листата на европски градови според висината на трошоците за живот. Скопје заедно со Тирана се двата најевтини градови за живот на странски работници. Испитувани се цените на алкохолот и тутунот, облеката и обувките, условите во домаќинството храната дома и надвор од дома. Македонските граѓани објаснуваат дека овие податоци се релативни со оглед дека просечна плата изнесуваа 333 евра.


„Според примањата не се ниски, но Македонецот знае како да се снајде и да преживее.“

„Земете една вода, 70 денари, чај, кафе 70 денари. Не знам зошто Скопје толку ги набива цените:“

Влијаение врз стнадардот во последните две години имаа и ценовните шокови во светот што се одразија и врз цените кај нас. Сега според економистите се стабилизира ситуацијата на светските берзи и во Македонија, но падот на куповната моќ и натаму ја чувствуваат продавачите Ова го констатира и Организацијата за заштита на потрошувачи, вели Марјана Лончар претседател на Организацијата.
Според примањата не се ниски, но Македонецот знае како да се снајде и да преживее.

„Беше значајно укажувањето од страна на бизнис заедницата дека се намалува потрошувачката на основните производи.“

Според економистите, потребни се конкретни мерки особено фокусирање на најчувствителните категории односно невработените зошто кај нив е највисок процентот на сиромашни. Според последните податоци што деновиве ги објави Заводот за статистика, најсиромашни се лицата без никакво образование. Тие зафќаат 62,3 отсто од вкупниот процент сиромашни кој изнесува 30 отсто.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG