Достапни линкови

ЕК со 5,5 милијарди евра финансиска помош за Балкан,Турција, Исланд


Европската комисија ќе и додели на Албанија фонд од 257 милиони евра за реформите во судството и во јавната амдинсирација, за продлабочување на регионалната соработка, како и за борба против организираниот криминал и корупцијата.
Како што јави МИА од Тирана, оваа сума е дел од средствата во износ од 5,5 милијарди евра, кои Еврокомисијата ги издвои како финансиска подршка за земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд.
За Турција се предвидени 2,5 милијарди евра, за Србија 587 милиони, за Македонија 304 милиони и за Косово 203 милиои евра. Најмал фонд е наменет за Исланд од само 2,8 милиони евра.
XS
SM
MD
LG