Достапни линкови

logo-print

ФБИ истрага за новинарите од коорпорацијата на Мардок


Американското федерално биро почна истрага за наводите за новинската коорпорација на Руперт Мардок, според кои коорпорацијата прислушкувала разговори на жртвите на терористичките напади од 11 септември 2001 во САД, јавуваат новинските агенции. Овој потег следува откако британски весник објави дека новинари од „Њуз оф д ворлд“ нуделе пари на њујоршки полицаец за да ги добијат приватните телефонски записи на жртвите на терористичките напади. Мардок минатата недела го затвори најпродаваниот британски таблоид „ Њуз оф д ворлд“ поради обвинувањата дека неговите новинари имале нелегален пристап до телефонски пораки на илјадници луѓе.
XS
SM
MD
LG