Достапни линкови

Шешељ бара Хашкиот Суд да го прекине процесот против него


Воислав Шешељ

Воислав Шешељ

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ денеска побара од Хашкиот суд да го прекине судскиот процес против него, поради, како што наведува флагрантно кршење на правото на судење во разумен рок. Шешешљ потсети дека тој доброволно му се предаде на Трибуналот во февруари во 2003 година, а неговото судење започна дури во ноември 2007 година. Toj нагласи дека со должината на неговиот притвор се урнати сите светски рекорди. Лидерот на српската радикална партија е обвинет за злодела врз несрпското население во Хрватска, Војводина и БиХ во периодот 1991-1993 година.
XS
SM
MD
LG