Достапни линкови

logo-print

Русија-пропусти во случајот „Естимирова“


Луѓе носат фотографии на Естимирова

Луѓе носат фотографии на Естимирова

Групите за човекови права во Русија соопштуваат дека ДНК доказите покажуваат дека двајцата обвинети за убиството на активистката за човекови права Наталија Естимирова не се виновни за тоа дело. Естимирова која собираше докази за кршење на човековите права од страна на безбедносните сили во Чеченија, беше киднапиран на 15 јули 2009 во Грозни. Нејзиното тело, застрелано со неколку куршуми беше пронајдено во сосодната провинција истит ден. Руските служби за нејзиното убиство обвинија двајца браќа членови на исламистичка милитантна група . Едниот од браќата веднаш бил убиен од страна на безбедносните сили, а другиот побегнал во Франција каде му беше доделен политички азил. Групите за човекови права велат дека добиените ДНК докази од едниот брат покажале дека тие не се извршители на убиството. Активистите за човекови права велат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров треба да биде повикан на одговорност за убиството.
XS
SM
MD
LG