Достапни линкови

Грузија-протест на новинарите за апсењето на нивните колеги


Протест на новинарите

Протест на новинарите

Грузиските новинари денеска протестираа поради апсењето на тројца фоторепортери кои се обвинети дека шпионирале за Русија. Новинарите го обвинуваат претседателот Михаил Саакашвили дека ги нарачал апсењата. Демонстрантите носеле маици со слоганот „Нема фотографии -нема демократија“ Осомничените, меѓу кои и личниот фотограф на Саакашвили, се обвинети за собирање на доверливи материјали од грузискиот лидер, кои потоа ги предавале на руската разузнавачка служба. Саакашвили негира дека има личен ангажман во нивните апсења. Фотографите се наоѓаат во притвор. Тие се соочуваат со 12 години затвор ако бидат осудени.
XS
SM
MD
LG