Достапни линкови

Јужен Судан стана 193-та членка на Обединетите нации


Знамето на Јужен Судан

Знамето на Јужен Судан

Генералното собрание го призна Јужен Судан како 193-та членка на Обединетите нации. Јужноафриканската земја, во саботата прогласи независност од Судан. Судан стана независна земја во 1956 година, но во земјата долго време имаше конфликти меѓу претежно муслиманскиот север и југот во кој живее црнечко население кои се христијани или ги следат традиционалните верувања. Последната земја која стана членка на ОН беше Црна Гора во 2006 година. Правото на вето од страна на Кина и Русија ги блокираше Тајван и Косово, да му се приклучат на светското тело.
XS
SM
MD
LG