Достапни линкови

МНР -Грција да обезбеди соодветни услови за транспортерите


Министерство за надворешни работи на Македонија побара од Грција да преземе мерки за непречено движење на македонските транспортни возила, по добиените сознанија дека грчката полиција ги насочува по споредни патишта по кои многу тешко се одвива сообраќај и се создадени големи колони на возила.Во МНР од надлежните претставници на граничниот премин „Евзони“,добиле образложение дека пренасочувањето е направено поради туристичката сезона и зголемената фреквенција на возила на граничниот премин, а со цел избегнување на застој при преминувањето на границата.
XS
SM
MD
LG