Достапни линкови

logo-print

Пресуди за убијците на српскиот турист Новаковиќ


Охрид, центар

Охрид, центар

Од една до пет години затвор добија убијците на српскиот турист Дејан Новаковиќ коj беше убиен лани во Охрид. Прилепскиот суд денеска ги изрече пресудите за четворицата учесници во тепачката, во којa загина туристот. Митре Костоски, косопственик на клубот „Кубе либре Хавана“, каде започнала тепачката, доби четири години затвор, Илче Јоноски, кој критичната ноќ бил гостин во локалот доби 4,5 години затвор, а Ѓоко Наумовски, вработен во клубот, доби една година затвор. Српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој моментално е во бегство, доби 5 години затворска казна. Семејството Новаковиќ најави дека правдата ќе ја бара во Стразбур, затоа што не се задоволни од тоа како се одвивал целиот процес.
XS
SM
MD
LG