Достапни линкови

logo-print

Недовршен ракопис на Џејн Остин продаден за 1 милион фунти


Eден од раните недовршени ракописи од авторката Џејн Остин е продаден за речиси 1 милион фунти, соопштија од аукциската куќа Сотби во Лондон. Станува збор за текстот со наслов „Д Ватсонс“. Делото е продадено за три пати повисока цена од највисоката проценка пред аукцијата. Нецелосниот текст е најраниот ракопис од делата на Остин. Експертите велат дека текстот веројатно е напишан во 1804 година. Приказната е за четири сестри, кои живеат со својата мајка која е вдовица. Остин објави шест романи, вклучувајќи го „Гордост и предрасуди“, пред да почине во 1817 на возраст од 41 година.
XS
SM
MD
LG