Достапни линкови

logo-print

Опозицијата во Албанија одбива дијалог со Владата


Претседателот на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама

Претседателот на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама

Претседателот на опозициската Социјалистичка партија на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека не може да почне дијалог со сегашната Влада, која, благодарение на украдените гласови победува на изборите. Локалните избори уште повеќе ја продлабочија политичката криза во Албанија и ги интензивираа несогласувањата меѓу двете водечки партии, владејачката Демократска партија на премиерот Сали Бериша и Социјалистичката на Еди Рама. Спорот настана околу изборот на градоначалник на Тирaна и гласовите се пребројувани неколку пати за на крајот да победи кандидатот на владејачката коалиција, Љуљзим Баша
XS
SM
MD
LG