Достапни линкови

Германија-да не се брза со програмата за спас на Грција


Германија ги предупреди земјите членки на еврозоната дека не треба да се брза со примената на втората спасувачка програма за Грција, објави „Фајненшал тајмс“, цитирајќи германски висок владин претставник. Германските власти сметаат дека со брзање може да се постигнат спротивни резултати од посакуваните и уште повеќе да ја влоши ситуацијата на пазарот на државни обврзници на земјите-членки на еврозоната. Европската комисија пак смета дека Берлин не ја гледа опасноста од развојот на систематска криза на финансискиот пазар во еврозоната и оти постои опасност кризата да се прелее во Шпанија и во Италија. ЕК бара итно да и се додели на Грција нова помош во висина од 115 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG