Достапни линкови

Русија-две години од смртта на активистката Естимирова


Наталија Естимирова

Наталија Естимирова

Групите за човекови права денеска ги критикуваа обидите на полицијата во Русија која според нив направила многу малку за да го расветли убиството на активистката за човекови права Наталија Естимирова. Во заедничко соопштение Амнести интернешенел, Хјуман рајтс воч, норвешкиот Хелсиншки комитет, и уште две други здруженија денеска на втората годишнина од смртта на Естимирова наведуваат дека полицијата не успеала правилно да истражи дали локалните власти се вмешани во убиството на Естимирова. Групите за човекови права го повторија барањето за темелна, непристрасна, транспарентна истрага и за гонење на одговорните лица. Естимирова беше киднапирана во Грозни во 2009-та година. Нејзиното застрелано тело беше пронајдено во Ингушетија истиот ден.
XS
SM
MD
LG