Достапни линкови

logo-print

Копа - За името се преговара само во ОН


Владата на Грција e решителна да продолжат со преговорите за спорот со името и покрај кризата во земјата. Се преговара само во ОН, вели грчката европратеничка Мариа Елени Копа од редовите на владејачката ПАСОК.
Поради ова беше и последната средба меѓу двајцата премиери, вели во интервју за Дојче Веле Копа, која се смета за блиска до Премиерот Јоргос Папандреу и е член на Националниот совет за надворешна политика на Грција и на Политичкиот совет на ПАСОК.
Таа при тоа посочува на загриженоста на Атина од ситуацијата во Република Македонија, поради како што вели, антиквизацијата на политиката.
Околу гласините дека компромисот за решение на проблемот со името се бара во тајни преговори, во кои се споменува дека и таа игра некаква улога, Копа е категорична оти се преговара само во ОН.
XS
SM
MD
LG