Достапни линкови

СЕЕМО - ја поздрави Црна Гора во која клеветета не е криминал


Logo of South East Europe Media Organisation - SEEMO

Logo of South East Europe Media Organisation - SEEMO

Организацијата на медиумите во Југоисточна Европа - СЕЕМО, чие седиште е во Виена го поздрави решението на црногорската Влада да го промени Кривичниот законик и да ги укине одредбите, кои се однесуваат на криминализирање на клевети и навреди.
Медиумската организација нагласува дека од 9 јули Црна Гора е една од неколкуте земји во кои клеветата не е криминал.
Црногорската Влада на 15 април ги одобри измените на Кривичниот законик, со кои практично целосно се укинуваат казните за клевети и навреди, а Парламентот тие измени ги усвои на 22 јуни. Службениот весник ги објави на 1 јули, а осум дена по нивното објавување стапија во сила
XS
SM
MD
LG