Достапни линкови

logo-print

Германија во прегратките на Русија?


Германскиот канцелар Ангела Меркел, рускиот претседател Дмитри Медведев и францускиот претседател Никола Саркози.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, рускиот претседател Дмитри Медведев и францускиот претседател Никола Саркози.

Не е тајна дека Германија, од сите европски земји има најдобри односи со Русија. Берлин е најголемиот купувач на руски природен гас, но и најголем трговски партнер на Москва. Ваквите тесни врски ги загрижуваат оние што веруваат дека Русија ги користи своите природни ресурси за политичка предност.

И додека поголемиот дел од светот продолжува да се бори со ефектите на глобалната финансиска криза, една европска земја го зголемува нејзиното богатство. Германија! Се очекува нејзината економија оваа година да порасне за 3 отсто. Германските коли и друга технологија се меѓу најпосакуваните во светот.

Но, ваквиот извозен бум зависи од руската енергија. 40 отсто од германските потреби за гас се покриваат од Русија и таа бројка ќе расте откако Берлин го забрза планот за затворање на нуклеарните централи по катастрофата во јапонската нуклеарка Фукушима.

Ханс Улрих Клосе, член на парламентот од Социјалдемократската партија вели дека е невозможно Германија да ги реши своите енергетски проблеми без Русија.

Рускиот премиер Владимир Путин присуствува на потпишувањето на договорот меѓу руски Газпром и германски БАСФ

„Нема никаква логика од европско гледиште да продолжи долгорочната контроверзност со Русија. Зошто? Знаеме каква е Русија денес.“

Тој додава дека Германија можеби зависи од Русија во енергетскиот сектор, но и Русија очајно има потреба од германски инвестиции и технологија за модернизација на своето стопанство.

Социјалдемократите предводени од поранешниот канцелар Герхард Шредер се најсилните поддржувачи на добрите односи со Москва.
Сите знаат, иако нам на Германците тоа не ни се допаѓа, дека сме навистина голем, ако не и најважен глас за Русија во Европа.

Шредер во 2005 година ја прифати работата на шеф на Газпром за нафтовод кој директно догодина ќе ја поврзува Русија со Германија под Балтикот.

Многумина го критикуваа ваквиот негов потег и изразија загриженост од руското влијание. Тоа го отфрла портпаролот на СДП Ролф Мутценич:

„Има ли разлики кога ги гледате Либија или Катар или пак, другите клучни играчи во енергетската политика? И таму исто така има тесна поврзаност меѓу владите и компаниите.“

Дмитри Медведев и Ангела Меркел

Изборот на канцеларката Меркел во 2005 вети промени и унифицирана енергетска политика со Европската унија, но по се изгледа Германија и остана најголем европски партнер на Русија.

Кога администрацијата на Џорџ Буш вршеше кампања да ги стави Украина и Грузија на патот кон НАТО, што провоцираше лутење во Москва, Меркел се спротивстави на таквиот план. НАТО ја отфрли иницијативата. Со тоа, според Марија Луис Бек од Партијата на зелените, Меркел ја затвори врата на можности за Украина каде што новата промосковска влада сега е зафатена со апсење на поранешните проевропски функционери.

„Сите знаат, иако нам на Германците тоа не ни се допаѓа, дека сме навистина голем, ако не и најважен глас за Русија во Европа“, вели Марија Луис Бек.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG