Достапни линкови

Папандреу - побрзајте со финансиската помош за Грција


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги повика Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд да го забрзаат процесот на донесување одлука за вториот пакет финансиска помош за Грција.
- Атмосферата која владее не помага да излеземе од кризата, нагласи Папандреу во интервју за германското издание на британскиот вгесник „Фајненшл тајмс“.
Тој предупреди дека секое забавување на процесот на донесување на оваа одлука доведува до губење на инвеститорите. - Таа несигурност ги плаши инвеститорите, доколку наскоро не се пронајде решение, со оглед на тоа што вториот пакет ќе и овозможи на Грција да спроведе подлабоки реформи, нагласи Папандреу.
XS
SM
MD
LG