Достапни линкови

Волерс - „во право сте, ова е нешто повеќе од име“


Судството, медиумите и невладиниот сектор во Македонија се областите за чиј развој официјален Вашингтон е загрижен, рече кандидатот за амбасадор на САД во Скопје, Пол Волерс во својот настап пред Комитетот за надворешна политика на Сенатот.Волерс посочи дека, по успешно спроведените парламентарни избори на 5-ти јуни, приоритети за Македонија се обезбедување на независно судство, слободни и независни медиуми и силно граѓанско општество.
Во однос на прашањето со името, Волерс побара силно лидерство од двете страни со цел изнаоѓање на решение од што зависи натамошниот напредок во евроатланската интеграција на земјата. Одговарајки на прашањето на Сенаторот Роберт Менендез дека името е и прашање на идентитетот Пол Волерс одговори

„ Да господине, вие сте во право, вис сте целосно во право кога велите дека ова е нешто повеќе од име, дека ова е прашање на идентитет. Ние работевме во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа со македонските власти, како и со другата страна преку амбасадата во Атина. Ја посочуваме на двете страни потребата од придвижување напред по однос на ова прашање со големо чувство на компромис, со меѓусебна почит за историјата и традицијата, со чуство за волја да се направи болниот компромис, кој е неопходен за да се надмине ова деликатно прашање, прашање што е многу емотивно за двете страни“,

рече Волерс, кој побара двете страни да се воздржат од провокации што би го отежнале изнаоѓањето на решение.
Волерс оддаде почит за македонските војници во мисиите во Ирак и во Авганистан, нарекувајќи ја Македонија верен сојузник на САД.
XS
SM
MD
LG