Достапни линкови

logo-print

Клинтон и Лавров потпишаа договор за уништување на ураниум


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Вашингтон потпишаа неколку договори. Со еден од договорите двете страни се обврзуваат за уништување на 34 тони ураниум, кој е доволен за создавање на 17.000 нуклеарни уреди. Со друг договор се предвидува зголемена контрола на американците кои посвојуваат руски деца. Во 2010 година Лавров се закани дека ќе ги прекине посвојувањата откако американско семејство испрати руско дете на авион без придружба. Со третиот договор кој го потпишаа Клинтон и Лавров се предвидува зголемена соработка меѓу двете земји на полето на контрола на воздушниот сообраќај.
XS
SM
MD
LG