Достапни линкови

Вонредна седница на косовскиот парламент за дијалогот Белград-Приштина во Брисел


Косовскиот парламент на вонредна седница ќе расправа за првите договори постигнати во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел. Претходно, посредникот на ЕУ во разговорите меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер изјави дека најважно е да бидат спроведени договорите меѓу двете страни, кои се обврзаа дека ќе создадат услови за нивна полесна реализација. Тој им порча на шефовите на преговарачките точно да ја информираат јавноста во своите земји за договорите кои се постигнати во Брисел, за да нема недоразбирања.
XS
SM
MD
LG