Достапни линкови

Тензичен состанок за американскиот трговски дефицит


Американскиот претседател Барак Обама имал наводно тензичен состанок со републиканските пратеници на кој се дискутирало за договор за намалување на американскиот дефицит. Состанокот се случува по најавата на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ која најави намалување на рејтингот на САД доколку земјата не го зголеми лимитот за задолжување кој сега стои на 14.3 трилиони американски долари. Републиканците бараат кратење на расходи во вредност од 2.4 трилиони долари, како предуслов за подршка за зголемување на лимитот за задолжување. Демократите и Обама, од своја страна, бараат зголемување на даноците за богатите.
XS
SM
MD
LG