Достапни линкови

Кукан- да се почитува одлуката за градоначалник на Тирана


Градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша

Градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша

Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, Едуард Кукан, побара да се почитува одлуката на Изборниот колегиум во врска со новиот градоначалник на Тирана, зашто инситуциите во Албанија се легитимни. Политичките сили треба да бидат на ниво на потребата на времето за да комуницираат еден со друг и да дискутираат во духот на дијалогот за актуелната политичка проблематика која ја имаат меѓу себе, изјавил Кукан. Изборниот колегиум во петокот ја отфрли жалбата на опозициските социјалисти за прегласување за градоначалник во Тирана, со што официјален стана резултатот со кој победник со 93 гласови разлика е демократот Љуљзим Баша
XS
SM
MD
LG