Достапни линкови

logo-print

Либиските бунтовници не преговарале со Гадафи


Махмуд Џабрил

Махмуд Џабрил

Либиските бунтовници велат дека досега не преговарале со лидерот Моамер Гадафи за ставање крај на пет-месечниот конфликт. Махмуд Џабрил од Националниот преоден совет, за време на посетата на Брисел изјави дека според негови сознанија, се уште не постои кохерентна, сеопфатна, политичка иницијатива. Тој рече дека се лажни тврдењата дека имало преговори, затоа што ниту во минатото, ниту сега нема никви преогори. Во меѓувреме, силите лојални на Гадафи повторно ја повратија власта во селото Ал-Кавалиш, кое пред една недела го зазедоа бунтовниците.
XS
SM
MD
LG