Достапни линкови

Приштина бара Белград да биде пофлексибилен за договорите


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај

Доколку Белград беше пофлексибилен, досега ќе се постигнеа шест спогодби во рамки на дијалогот со Приштина, оцени денеска во Брисел косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.
Говорејќи пред Комисијата за надворешни работи на ЕП, Хоџај истакна дека Србија треба да ја прифати независноста на Косово и нагласи дека Приштина е „предана“ на дијалогот со Белград и покрај жестоките критики на косовската опозиција.
Министерот сепак додаде дека во Белград постојано се чуваат идеите за поделба на Косово, размена на територии и создавање на големи еднонационални држави на Балканот. Хоџај оцени дека клучна цел на дијалогот Белград - Приштина е создавање на доверба и додаде дека Приштина сака што е можно поскоро да воспостави нормални односи со Белград, но никогаш нема да се согласи на поделба на Косово.
XS
SM
MD
LG