Достапни линкови

Коце Трајановски доби нов двегодишен мандат на чело на ЗЕЛС


Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски е избран повторно за претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС, а за потпретседатели се избрани градоначалниците на Куманово и на Чаир, Зоран Дамјановски и Изет Меџити. Оваа одлука денеска беше донесена на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија Коце Трајановски ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години и ги претстави идните приоритети за развој на единиците на локалната самоуправа. На денешното Собрание беше разгледан и финансискиот извештај за работата на ЗЕЛС во 2010 година.
XS
SM
MD
LG