Достапни линкови

Во експлозија на бомби во Авганистан загинале 5 француски војници


Саркози се среќава со војниците

Саркози се среќава со војниците

Пет припадници на француските сили кои служат во рамките на НАТО мисијата во Авганистан загинале денеска во експлозии на бомби во североисточниот дел на Авганистан. При експлозиите биле повредени неколку авганистански цивили. Нападите врз француските сили, доаѓаат на само еден ден откако францускиот претседател Никола Саркози ги посети своите војници во провинцита Каписа. Локалните полициски власти велат дека експлодирале две бомби, од кои втората пред францускиот воен конвој. Од НАТО соопштуваат дека уште двајца нивни припадници загинале денеска но на југот од земјата.
XS
SM
MD
LG