Достапни линкови

Филе очекува нов импулст во приклучувањето на Турција кон ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека сака да види нов импулс во приклучувањето на Турција кон ЕУ, сега откако завршија парламентарните избори во земјата. Турција започна преговори за членство во ЕУ во 2005 година, но напредокот беше бавен, најмногу поради конфликтот со Кипар во врска со отцепениот дел од островот, кој е признат единствено од Анкара.
Турција денеска најави дека нејзините односи со ЕУ ќе бидат замрзнати, доколку Кипар го преземе претседавањето со Унијата од јули следната година без да биде решен проблемот на островот
XS
SM
MD
LG