Достапни линкови

Германија-критикуван изборот на Путин да му се даде награда


Статуетката што треба да ја добие Путин

Статуетката што треба да ја добие Путин

Германските власти ја критикуваа владината група за човекови права „Веркстат Доичланд“ за изборот на Владимир Путин да му ја доделат награда за допринос кон слободата и демократските промени. Путин треба да ја добие наградата Квадрига, на националниот ден на Германија на 3 октомври. Владиниот Комесар за човекови права Маркус Лоенинг рече дека изборот на Путин го поткопува кредибилитетот на наградата Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и поранешниот чешки претседател Хавел се меѓу претходните добитници на наградата.
XS
SM
MD
LG