Достапни линкови

Новинарите од Шпиц и Време протестираат


Од минатонеделните протести на новинарите

Од минатонеделните протести на новинарите

Дел од новинарите и уредниците на весниците Шпиц и Време, денеска протестираа пред редакцијите на весниците, со барање да им се исплатат заостанатите плати и придонеси. Новинарите десетина денови се на принуден одмор откако фирмата каја ги издава „Плус продукција“ западна во финансиска криза. По разговорите со менаџерскиот тим им било речено дека фирмата е во се потешка финансиска кондиција и стечајот е неминовен. Протестот на новинарите го подржаа и од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници. Во соопштението на Синдикатот се наведува дека бараат од УЈП да потврди дали средствата кои беа понудени како гаранција во судскиот процес за случајот „Пајажина“се слободни и се на располагање на работодавачот или се блокирани за наплата на неплатениот данок. Доколку средствата понудени за гаранција се слободни бараме од „Плус Продукција“ веднаш да ги исплати заостанатите плати и давачките за вработените. Во спротивно се остава простор за сомневање дека раководството има калкулантски пристап и работи на штета на нашите колеги, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG