Достапни линкови

Наскоро нови договори меѓу Белград и Приштина


Посредникот на ЕУ во разговорите меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер денеска изјави дека најважно е да бидат спроведени договорите меѓу двете страни, кои се обврзаа дека ќе создадат услови за нивна полесна реализација. Купер во интервју за приштинскиот весник „Зери“ вели дека договорите за матичните книги, слободата на движењето и регистарските таблици нема да бидат единствените во преговарачкиот процес и најави дека на следниот состанок, пред летната пауза, би можеле да бидат постигнати уште договори, не прецизирајќи за кои точно станува збор. Тој им порча на шефовите на преговарачките точно да ја информираат јавноста во своите земји за договорите кои се постигнати во Брисел, за да нема недоразбирање.
XS
SM
MD
LG