Достапни линкови

Кина за прв пат доби висок функционер во ММФ


За прв пат Кина доби висок функционер во Меѓунаордниот монетарен фонд. Новата шефица на ММФ Кристин Легард го назначи Џу Мин за заменик директор на Фондот. Џу Мин е заменик гувернер на Народната банка на Кина. Легард изјави дека новиот функционер ќе има важна улога во справувањето со предизвиците со кои ММФ ќе се соочи во наредниот период ,како и тоа дека ќе има значајна улога во јакнењето на позицијата на Фондот на азискиот пазар кој бележи брз раст.
XS
SM
MD
LG