Достапни линкови

Припадници на АРМ ќе работат како полициски обучувачи во Авганистан


Министерот за одбрана Зоран Коњаноски со македонските војници во Авганистан

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски со македонските војници во Авганистан

Тројца припадници на АРМ во септември треба да заминат на мисија во Авганистан. Ваква предлог-одлука достави денеска Министерот за одбрана до Комисијата за одбрана и безбедност. Припадниците на АРМ ќе работат како обучувачи во Школото за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан. Министерот за обрана Зоран Коњановски рече дека припадниците ќе придонесат за јакнење на капацитетите на авганистанските сили. Обучувачите во Авганситан ќе се задржат 6 месеци,по што ќе се направи првата ротација. Школата за воена полиција е регионална иницијатива во која свои припадници имаат земјите членки на А5 групата плус Словенија.
XS
SM
MD
LG