Достапни линкови

logo-print

Кошаркарите се подготвуваат за ЕП


Македонската кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за ЕП, кое од 31. август до 18. септември ќе се одржи во Литванија.

Првите тренинзи во Скопје ги одработуваат најголемиот дел од повиканите кошаркари, а засега оправдано отсутни се Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Владо Илиевски и Лестер Бо Мек Кејлеб. Тие ќе се приклучат викендов во Охрид, каде ќе биде расчистена дилемата за репрезентативната иднина на Илиевски. Тој, со оправдување дека е повреден ги пропушти Евробаскетот пред две години и ланските квалификации, а сега изразил желба да игра за Македонија. Затоа и се најде на списокот на селекторот Марин Докузовски, според кого тоа не значи и дека ќе настапи на Еуро.
Ги знаме неговите квалитети, знаеме колку вреди Влатко Илиевски меѓутоа мора да се знае и тоа дека овие играчи кои играат за Македонија играат без никаква надокнада, играат со љубов и желба за Македонија.

„Ги знаме неговите квалитети, знаеме колку вреди Влатко Илиевски меѓутоа мора да се знае и тоа дека овие играчи кои играат за Македонија играат без никаква надокнада, играат со љубов и желба за Македонија, јас јасно кажав дека нема никого да молам, кој се чувствува како Македонец може да дојде да игра за репрезентацијата. Сигурно дека не би сакале да изгубиме играч како Влатко Илиевски, но сепак за да настапи за Македонија треба да расчистиме некои работи.“

Избраниците на Докузовски, до патот за Литванија, покрај со тренинзи, ќе се воигруваат и на 11 натпревари на турнири во Словенија, Италија и на „Трофејот Македонија“ во Охрид. Таму ќе ги одмерат силите со силните селекции на Словенија, Полска, Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора, што ветува достигнување на потребната форма.

Архивска фотографија: Врбица Стефанов.

„Колку играш со подобри репрезентации многу е полесно потоа кога ќе дојдат натпреварите, така што гледам само полза од тие натпревари за играчите да се стекнат со некое искуство.“

Докузоски посакува на Балтикот да го повториме историскиот успех од пред две години, кога на Еуро во Полска бевме деветти. Сепак, тој не пропушта да каже дека ќе биде тешко да се стигне до таков подвиг поради тоа што сега на ЕП играат 24 репрезентации, па за влез меѓу 12-те
Колку играш со подобри репрезентации многу е полесно потоа кога ќе дојдат натпреварите.

најдобри ќе треба да сме најмалку трети во групата со Грција, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и победникот на квалификациите идниот месец. Затоа, примарна цел ќе биде минувањето на првата фаза.

„За нас секоја победа е добредојдена на тие европски првенства и сигурно дека ќе се радуваме на секоја победа, но сигурно дека главна цел ние да успееме да направиме три победи со што би успеале да се пласираме понатаму, а дај боже да поминеме во наредниот циклус тогаш веќе секоја победа и навистина ќе биде голем успех“, истакна на крајот Марин Докузовски.
XS
SM
MD
LG