Достапни линкови

Притисок врз Мардок околу прислушувањето


Руперт Мардок

Руперт Мардок

Британскиот парламент се очекува денеска да го поддржи предлогот со кој од Руперт Мардок се бара да се откаже од купувањето на сателитската телевизија Бе Скај Бе поради скандалот со прислушувањето телефони. Овој скандал во кои се вклучени дел од неговите печатени медиуми се заканува да се прошири и во Соединетите држави, односно врз неговата медиумска империја Њуз Корп која ги поседува весниците Вол Стрит Џурнал и Њујорк Пост, како и телевизијата Фокс. Имено, американскиот сенатор Џон Рокфелер побара истрага за да се утврди дали оваа корпорација ги прекршила американските закони.
XS
SM
MD
LG