Достапни линкови

Новиот судски процес против Харадинај на 18 август


Рамуш Харадинај

Рамуш Харадинај

Новиот процес против поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај, кој на првиот случај беше ослободен од обвиненијата за злосторства против човештвото и воени злосторства, ќе почне на 18 август, соопшти Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија. Харадинај, кој е највисокиот косовски политичар изнесен пред Хашкиот трибунал, беше ослободен од обвиненијата за тортура и убиство на Срби за време на косовскиот конфликт. Трибуналот сепак нареди повторно разгледување на случајот против Харадинај, две години откако беше ослободен. Претседателот на трибуналот Патрик Робинсон изјави дека првиот процес против Харадинај и други двајца команданти од Ослободителната војска на Косово бил нарушен со заплашување сведоци.
XS
SM
MD
LG