Достапни линкови

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС


На денешната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа ќе бидат верификувани мандатите на новите членови на Надзорниот и на Управниот одбор и на Комитетот на советите. На седницата актуелниот претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски ќе ги презентира резултатите од работењето во изминатите две години и ќе ги претстави идните приоритети за развој на единиците на локалната самоуправа и за целокупниот напредок на процесот на децентрализација. Ќе биде разгледан и финансискиот извештај за работата на ЗЕЛС во 2010 година.
XS
SM
MD
LG