Достапни линкови

logo-print

Почна 51-то издание на „Охридско лето“


Со грандиозниот мултимедијален проект „Трилогија Романа“, во продукција на познатата шпанска компанија „Ла Фура делс Баус“ и во изведба на Македонската филхармонија, синоќа во Охрид почна 51- издание на најпознатата музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско Лето“.
Покровител е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој имаше обраќање на отворањето, а во наредните 40 дена на сцените на Античкиот театар, црквата Света Софија и нејзиното предворје, Долни Сарај и Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе продефилирааат многубројни светски познати имиња од музичката, драмската и ликовната уметност, со повеќе од четириесет содржини.
XS
SM
MD
LG